четврток, март 05, 2009

Уредување на документи во програма за цртање

Wordle: file
Активности кои може да се изведуваат со документи се креирање нов документ, отварање мемориран документ, меморирање на нов или стар документ.
Меморирање на нов документ
  • File- Save As (во полето Save in:се бира локацијата во компјутерот каде ќе се меморира документот, а во полето File name: се запишува името на документот)
Напомена: Не заборавајте дека името може да содржи само букви, цифри и - или _, а не смее празни места или други знаци.
Меморирање на стар документ под ново име
  • File- Save As (Save in: ? File name: ?)
Меморирање на стар документ под исто име
  • File- Save или • Комбинација на копчиња од тастатура Ctrl+ S
Меморирање на документ во формат на слика(.jpg, .png, .gif, .tif, .bmp)
  • File- Export  и го бираме саканиот формат
 Отварање на мемориран документ
  • File- Open или • Комбинација на копчиња од тастатура Ctrl+ O
Отварање на нов документ
  • File- New или • Комбинација на копчиња од тастатура Ctrl+ N
Затварање на програмата
  • File- Exit или • Комбинација на копчиња од тастатура Alt+ F4
Цртање со слободна рака
Следниве цртежи обиди се да ги нацрташ со помош на алатки за цртање со слободна рака:



среда, март 04, 2009

Компјутерска графика

Paint

1. Дефинирање:

Програмата Paint спаѓа во групата помошни програми(Accessories) на ОС WINDOWS. Програмата Paint е програма за компјутерска графика и е наменета за цртање едноставни цртежи. Таа е само еден мал дел од компјутерската графика каде може да се избираат бои, молив, разни типови на четка, да се цртаат едноставни геометриски форми и да се изведуваат едноставни трансформации.

2. Активирање на програмата:

Start- All- Programs- Accessories- Paint

Доколку постои икона на работна површина, се активира иконата

3. Опис на работниот прозорец:

Лента со наслов Лента со наредби(мени)

Кутија со алатки

Палета со бои

Лизгачи

Работна површина

Лента со дополнителни опции(активна е само при избор на некои од алатките)

4. Алатки и функција:

Free-form select

Оваа алатка ни дозволува да селектираме фигури со слободна форма. Едноставно држејќи го левиот клик на глувчето обиколете ја формата за да ја селектирате.

Select

Оваа алатка ни дозволува да селектираме фигури со правоаголна форма. Едноставно држејќи го левиот клик на глувчето обиколете ја формата во правоаголник за да ја селектирате.

Забелешка: Откако ќе селектирате некоја форма може да ја преместувате на листот со помош на лев-клик-влечи-пушти. Исто така може да направите нејзина копија со помош на наредбата Copy од менито Edit . Потоа одберете ја наредбата Paste од истото мени.

Eraser Tool

Гумата ни овозможува да избришеме било какви грешки при цртањето. Кога е селектирана ни дава можност за избор од четири големини на гумата, како што е покажано подолу. Едноставно треба да кликнете на саканата големина на гумата.

Лента за избор на големина на гумата

Fill With A Colour Tool

Кантичката е алатка за боење, која дозволува корисникот да ја обои внатрешноста на некоја форма со одредена боја. Се бира алатката за боење, се бира боја од палетата и се кликнува внатре во формата за да се исполни со избраната боја.

Colour Picker Tool

Оваа алатка овозможува корисникот да избере боја која и претходно ја искористил во цртежот. Ја користиме оваа алатка кога тешко можеме да погодиме иста нијанса, што претходно сами сме ја направиле.

Magnify Tool

Лупата овозможува да зомирате за да може попрецизно да обработите одделни делови од сликата. Одберете ја од лентата и одберете соодветна вредност на зголемување од лентата што се појавува(прикажана е подолу).

Лента за избор нс вредност на зголемување

Pencil Tool

Моливчето Ви овозможува да цртате со слободна рака користејќи го глувчето. Започнете избирајќи ја алатката од лентата. За да цртате држете го притиснато левото копче од глувчето додека го движите по листот.

Brush Tool

Четката е слична на моливчето, бидејќи и таа овозможува да цртате по листот на истиот начин. Единствена разлика е што четката дава можност за избор на неколку форми и дебелини на четка од лентата која се појавува(погледни подолу).

Лента за избор на форма и големина на четка

Air Brush Tool

Спрејот служи за одредени спреј-ефекти на цртежот. Изберете ја алатката од лентата, изберете соодветна големина(густина) од лентата што се појавува, изберете боја од палетата и започнете со прскање движејќи го глувчето по листот, со притиснат лев клик.

Лента со големина(густина) на спреј

Text Tool

Оваа алатка овозможува додавање на текст во цртежот. Одберете ја од лентата и со глувчето означете рамка каде сакате да го испишете текстот. Ќе можете да одберете и големина, стил, фонт за буквите).

Line Tool

Ова е алатка за цртање на прави линии од една точка до друга. Одберете ја алатката. Одберете соодветна дебелина на линијата од лентата што се појавува(погледни долу) и нацртај линија со лев клик на почетната точка и влечење до крајната точка.

Лента за дебелина на линија

Curve Tool

Оваа алатка овозможува цртање на криви линии или синусоди. Одберете ја алатката од лентат, одберете дебелина на линијата и нацртајте линија со влечење на глувчето. За да ја искривите линијата кликнете блиску до линијата од едната страна и уште еднаш од другата страна. Со вежбање ќе добиете повеќе искуство и подобри резултати при користење на оваа алатка.

Rectangle Tool

Оваа алатка ни овозможува цртање на правоаголници и квадрати. Откако ќе ја одберете од лентата, се отвара лентата за избор на исполнетост(прикажана подолу), во која иамте три можности. Одберете една од можностите и нацртајте правоаголник почнувајќи од едно негово теме кон спротивното.

Забелешка: Држењето на копчето Shift додека цртате правоаголник, ќе резултира со исцртување на квадрат.

Polygon Tool

Алатката за цртање на многуаголници овозможува цртање на различни рамниниски фигури. Ја бираме алатката од лентата, бираме соодветен вид на исполнетост, цртаме една линија. Потоа се позиционираме на следното теме и кликнуваме еднаш на левиот клик. На овој начин ги цртаме и останатите страни. Многуаголникот го затвораме со двоен лев клик.

Забелешка: Ако сакаме агли од 45º или 90º, за да добиеме правилни многуаголници, држиме на копчето Shift

Ellipse Tool

Со оваа алатка се цртаат елипси и кругови. Ја бираме алатката од лентата, бираме соодветен вид на исполнетост и со лев клик влечи пушти ја цртаме елипсата.

Забелешка: Ако сакаме да нацртаме круг го држиме копчето Shift додека цртаме.

Rounded Rectangle

Оваа алатка се користи за цртање на правоаголници со заоблени рабови. Се користи на истиот начин како и алатката за цртање на обични правоаголници.

Лента за избор на исполнетост

Кога ќе изберете една од алатките за цртање на правоаголник, елипса, многуаголник или правоаголник со заобленои рабови, може да изберете и вид на исполнетост. Има три можности кои се понудени и се бираат со лев кли на глувчето од лентата што се појавува.

Можност 1 – Само со оквирна линија.

Можност 2 – Со оквирна линија (во една боја), и исполнета внатрешност(во друга боја).

Можност 3 – Само со обоена внатрешност, без оквирна линија.

Colour Selection Box

Палетата со бои од која може да избереме боја на линијата со лев клик на глувчето, или боја на внатрешноста со десен клик на глувчето(при избор на можност 2).

Shape Opaqueness Choice Box

Со оваа алатка бираме дали некоја фигура ќе биде транспарентна.

четврток, февруари 19, 2009

Компјутерски вируси

Вируси, тројанци, црви Хакирања (hacking)
  • Вируси, тројани, worm-ови, adware и spyware програми можат многу лесно да ја загрозат стабилноста на вашиот компјутер, како и податоците кои таму ги чувате.
  • Основни обележја на т.н. хакирања (hacking), односно злонамерните мешања, се нарушување на системот на заштита и неовластен упад во туѓ систем.
  • Хакерите можат неовластеното пристапување во мрежата да го искористат за: да заработат, да украдат, да избришат податоци и информации од корисничките сметки, да располагаат со доверливи податоци.
Вируси
  • Вирусот е програма која бара компјутер -домаќин за да може да направи сопствени копии и на тој начин да се распространи. Тоа се остварува така што вирусот се прикачува за некоја датотека (на пр. од типовите: .exe, .dll, или .com) и се извршува секојпат кога се извршува и програмата - домаќин. Основна функција на вирусот е да направи штета. Ако компјутерот е приклучен во мрежа, тогаш може да ги зарази сите компјутери што се во мрежата. Некои вируси се способни да ги избришат сите датотеки во мрежата.
  • Сите компјутерски вируси се создадени од човечка страна.
Црви (worms)
  • Компјутерскиот црв (worm) е програма или серија од програми кои многу побрзо се размножуваат од класичниот вирус. За да се придвижи црвот, не е потребен човечки фактор. Така, за разлика од вирусот, не е потребна програма – домаќин. Кога ба било кој начин ќе се најдат на некој кориснички компјутер, црвите независно (сами) се активираат и не ги напаѓаат другите програми, туку директно го напаѓаат компјутерскиот систем. Затоа се и побрзи од вирусите. На пример, на 19.07.2001 година, црвот Code Red за само 9 часа се размножил 250 000 пати.
Тројанци
  • Овие програми се именувани според легендата за големиот дрвен коњ во кого биле скриени грчките војници кои го употребиле за да ја нападнат Троја. Исто како познатиот трик што е употребен во легендата така и оваа програма делува како корисен софтвер, но всушност ја загрозува безбедноста и предизвикува штета.
  • Тројанците ретко се размножуваат, односно ретко преминуваат од компјутер на компјутер. Тоа се релативно мали програми кои луѓето ги преземаат на сопствените компјутери мислејќи дека станува збор за корисни датотеки, не знаејќи дека на тој начин хакерите влегуваат во нивните компјутери со цел да уништат или украдат податоци или пак да активираат некои други програми. Најчесто се добиваат преку електронска пошта.
E-mail Spam
  • Спам пораките се непосакувани, комерцијални електронски поштенски пратки, кои се сместуваат во поштенските сандачиња на корисниците и ги принудуваат корисниците непотребно да губат време, за нивно анализирање, односно бришење.
  • Покрај психолошкиот негативен ефект, овие пораки често се придружени со прикачени документи, кои доколку бидат отворени, можат да го заразат компјутерот со вирус. Спам пораките од категоријата "phishing," ги мамат примачите да ги откријат своите лозинки и други вредни информации што би можеле да ја нарушат безбедноста на податоците и на работата.
Adware
  • Adware е софтвер кој се појавува на Вашиот екран во вид на светлечка рекламна порака, во текот на извршувањето на друга програма. Овој софтвер редовно го забавува работењето на системот.
  • Најчесто многу тешко се отстрануваат, и по отстранувањето оставаат многу ѓубре низ вашиот компјутер, а во најлош случај го оставаат комплетно нефункционален
Spyware
  • Spyware е софтвер кој без дозвола на корисникот испраќа информации за неговите online активности. Самото име укажува на фактот дека тоа е програма која ја надгледува работата на корисникот, но овој термин опфаќа широка палета на програми кои искористуваат (злоупотребуваат) туѓ компјутер за стекнување на корист на трето лице. Овој софтвер, за разлика од вирусите и црвите, обично не се размножува, туку е дизајниран да ги искористува заразените компјутери за комерцијална добивка. Типичните применувани тактики се: активирање на небарани pop-up реклами; крадење на лични информации (на пр., броеви на кредитни картички и лозинки); следење на активностите на Интернет во рекламни цели
  • Ситуацијата со нивното отстранување е иста како и со Adware програмите.
Cookies
  • Колачињата (cookies), се мали текстуални датотеки со одредени податоци, кои серверот ги снима на вашиот диск (некои веб-страници ги имаат, некои ги немаат, а на некои се задолжителни). Тие не се програми, односно вируси и не можат да се користат за ширење на вируси.
Како да се заштитиме
  • Инсталирајте антивирусни програми.
  • Користете алатки за ажурирање на софтвер(Update).
  • Инсталирајте anti-spyware програми.
  • Инсталирајте софтверски огнен ѕид.
  • Инсталирајте софтвер за филтрирање на спам пораки.
  • Една од најважните превентивни безбедносни мерки, која треба да се примени на секоја мрежа, е откривањето и елиминацијата на вирусите.
Огнен ѕид (Firewall)
  • Огнениот ѕид (firewall) претставува заштита на компјутерот преку филтрирање, анализа и проверка на пакетите податоци кои внесуваат или изнесуваат информации од компјутерот преку Интернет. Направен е за да ги заштити доверливите кориснички податоци од неавторизирани корисници по пат на блокирање и забрана на сообраќајот според правилата кои ги одредува самиот корисник.
  • Постојат софтверски и хардверски огнени ѕидови. Софтверскиот firewall штити еден компјутер, освен во случај кога компјутерот не е предвиден за заштита на целата мрежа. Хардверскиот firewall овозможува заштита на целата мрежа или на одреден број на компјутери. За исправно работење на firewall-от, потребно е прецизно да се одреди низата правила кои одредуваат што претставува дозволен сообраќај, а што забранет сообраќај. Истотака, firewall-от ја крие компјутерската мрежа од Интернет, со што ги намалува опасностите од напади.
Антивирусни програми
  • Освен инсталирањето антивирусна програма, друга, подеднакво важна задача, е нејзино редовно ажурирање. Многу е битно да знаете како антивирусната програма ги препознава и уништува вирусите. Таа во својата база на податоци ги има запишано дефинициите на вирусите. Секоја програма, односно датотека која влегува во компјутерот мора прво да биде проверена од антивирусната програма и тоа врз основа на дефиницијата која се наоѓа во базата податоци. Вирус дефиницијата овозможува антивирусната програма да го најде специфичниот вирус, и да се погрижи за него, или да алармира за неговото постоење.
  • Слободните антивирусни програми кои ги препорачуваме: Avast (avast!Virus Cleaner, avast! 4 Home Edition) произведени од компанијата Alwil Software и антивирусната програма, AVG, која е производ на компанијата GriSoft.