четврток, февруари 19, 2009

Компјутерски вируси

Вируси, тројанци, црви Хакирања (hacking)
  • Вируси, тројани, worm-ови, adware и spyware програми можат многу лесно да ја загрозат стабилноста на вашиот компјутер, како и податоците кои таму ги чувате.
  • Основни обележја на т.н. хакирања (hacking), односно злонамерните мешања, се нарушување на системот на заштита и неовластен упад во туѓ систем.
  • Хакерите можат неовластеното пристапување во мрежата да го искористат за: да заработат, да украдат, да избришат податоци и информации од корисничките сметки, да располагаат со доверливи податоци.
Вируси
  • Вирусот е програма која бара компјутер -домаќин за да може да направи сопствени копии и на тој начин да се распространи. Тоа се остварува така што вирусот се прикачува за некоја датотека (на пр. од типовите: .exe, .dll, или .com) и се извршува секојпат кога се извршува и програмата - домаќин. Основна функција на вирусот е да направи штета. Ако компјутерот е приклучен во мрежа, тогаш може да ги зарази сите компјутери што се во мрежата. Некои вируси се способни да ги избришат сите датотеки во мрежата.
  • Сите компјутерски вируси се создадени од човечка страна.
Црви (worms)
  • Компјутерскиот црв (worm) е програма или серија од програми кои многу побрзо се размножуваат од класичниот вирус. За да се придвижи црвот, не е потребен човечки фактор. Така, за разлика од вирусот, не е потребна програма – домаќин. Кога ба било кој начин ќе се најдат на некој кориснички компјутер, црвите независно (сами) се активираат и не ги напаѓаат другите програми, туку директно го напаѓаат компјутерскиот систем. Затоа се и побрзи од вирусите. На пример, на 19.07.2001 година, црвот Code Red за само 9 часа се размножил 250 000 пати.
Тројанци
  • Овие програми се именувани според легендата за големиот дрвен коњ во кого биле скриени грчките војници кои го употребиле за да ја нападнат Троја. Исто како познатиот трик што е употребен во легендата така и оваа програма делува како корисен софтвер, но всушност ја загрозува безбедноста и предизвикува штета.
  • Тројанците ретко се размножуваат, односно ретко преминуваат од компјутер на компјутер. Тоа се релативно мали програми кои луѓето ги преземаат на сопствените компјутери мислејќи дека станува збор за корисни датотеки, не знаејќи дека на тој начин хакерите влегуваат во нивните компјутери со цел да уништат или украдат податоци или пак да активираат некои други програми. Најчесто се добиваат преку електронска пошта.
E-mail Spam
  • Спам пораките се непосакувани, комерцијални електронски поштенски пратки, кои се сместуваат во поштенските сандачиња на корисниците и ги принудуваат корисниците непотребно да губат време, за нивно анализирање, односно бришење.
  • Покрај психолошкиот негативен ефект, овие пораки често се придружени со прикачени документи, кои доколку бидат отворени, можат да го заразат компјутерот со вирус. Спам пораките од категоријата "phishing," ги мамат примачите да ги откријат своите лозинки и други вредни информации што би можеле да ја нарушат безбедноста на податоците и на работата.
Adware
  • Adware е софтвер кој се појавува на Вашиот екран во вид на светлечка рекламна порака, во текот на извршувањето на друга програма. Овој софтвер редовно го забавува работењето на системот.
  • Најчесто многу тешко се отстрануваат, и по отстранувањето оставаат многу ѓубре низ вашиот компјутер, а во најлош случај го оставаат комплетно нефункционален
Spyware
  • Spyware е софтвер кој без дозвола на корисникот испраќа информации за неговите online активности. Самото име укажува на фактот дека тоа е програма која ја надгледува работата на корисникот, но овој термин опфаќа широка палета на програми кои искористуваат (злоупотребуваат) туѓ компјутер за стекнување на корист на трето лице. Овој софтвер, за разлика од вирусите и црвите, обично не се размножува, туку е дизајниран да ги искористува заразените компјутери за комерцијална добивка. Типичните применувани тактики се: активирање на небарани pop-up реклами; крадење на лични информации (на пр., броеви на кредитни картички и лозинки); следење на активностите на Интернет во рекламни цели
  • Ситуацијата со нивното отстранување е иста како и со Adware програмите.
Cookies
  • Колачињата (cookies), се мали текстуални датотеки со одредени податоци, кои серверот ги снима на вашиот диск (некои веб-страници ги имаат, некои ги немаат, а на некои се задолжителни). Тие не се програми, односно вируси и не можат да се користат за ширење на вируси.
Како да се заштитиме
  • Инсталирајте антивирусни програми.
  • Користете алатки за ажурирање на софтвер(Update).
  • Инсталирајте anti-spyware програми.
  • Инсталирајте софтверски огнен ѕид.
  • Инсталирајте софтвер за филтрирање на спам пораки.
  • Една од најважните превентивни безбедносни мерки, која треба да се примени на секоја мрежа, е откривањето и елиминацијата на вирусите.
Огнен ѕид (Firewall)
  • Огнениот ѕид (firewall) претставува заштита на компјутерот преку филтрирање, анализа и проверка на пакетите податоци кои внесуваат или изнесуваат информации од компјутерот преку Интернет. Направен е за да ги заштити доверливите кориснички податоци од неавторизирани корисници по пат на блокирање и забрана на сообраќајот според правилата кои ги одредува самиот корисник.
  • Постојат софтверски и хардверски огнени ѕидови. Софтверскиот firewall штити еден компјутер, освен во случај кога компјутерот не е предвиден за заштита на целата мрежа. Хардверскиот firewall овозможува заштита на целата мрежа или на одреден број на компјутери. За исправно работење на firewall-от, потребно е прецизно да се одреди низата правила кои одредуваат што претставува дозволен сообраќај, а што забранет сообраќај. Истотака, firewall-от ја крие компјутерската мрежа од Интернет, со што ги намалува опасностите од напади.
Антивирусни програми
  • Освен инсталирањето антивирусна програма, друга, подеднакво важна задача, е нејзино редовно ажурирање. Многу е битно да знаете како антивирусната програма ги препознава и уништува вирусите. Таа во својата база на податоци ги има запишано дефинициите на вирусите. Секоја програма, односно датотека која влегува во компјутерот мора прво да биде проверена од антивирусната програма и тоа врз основа на дефиницијата која се наоѓа во базата податоци. Вирус дефиницијата овозможува антивирусната програма да го најде специфичниот вирус, и да се погрижи за него, или да алармира за неговото постоење.
  • Слободните антивирусни програми кои ги препорачуваме: Avast (avast!Virus Cleaner, avast! 4 Home Edition) произведени од компанијата Alwil Software и антивирусната програма, AVG, која е производ на компанијата GriSoft.

четврток, февруари 12, 2009

Пребарување по Интернет

Пребарување по Интернет *Информациски сервер* Информациски сервер е компјутер поставен на Интернет со намена да послужи како база на податоци со цел да даде информации што ќе се бараат од него. Постојат различни видови информациски сервери. Машини за пребарување Машини за пребарување се машинска и програмска опрема што нудат информации каде можат да се најдат податоците што ги бараме. Најпознати пребарувачи (машини за пребарување) Најпознати пребарувачи се Yahoo, Google, MSN, Alta Vista, Lycos... , а од македонските Најди, Погодок,... Начини на пребарување
  • по клучни зборови
  • по слики
  • по групи
  • по категории
  • . . .
Пребарување по клучни зборови Slide 7 Клучен збор(keyword) е збор кој најблиску го објаснува поимот кој го бараме. Клучниот збор се внесува во полето за пребарување и прелистувачот ни отвара листа со страници каде се среќава бараниот поим. Slide 7
*
На пример, ако бараме текст за Македонија, во полето може да се впише зборот македонија(најчесто се внесува само со мали букви) и се притиска на Enter или на копчето Web Search од пребарувачот
Потоа од листата на страници(за да си олесниме го читаме описот, односно во кој контекст се среќава зборот во страницата), може да се избере една страница каде ќе има повеќе податоци за тоа што го бараме, со кликање на линкот кој води кон таа страница.

понеделник, февруари 09, 2009

Прелистување на Интернет

Прелистување или Навигација по Интернет
*WWW* *World Wide Web* WWW е најголемата светски распространета мрежа на која се сместени најголемиот дел од документите достапни на Интернет. Таа претставува само еден дел од Интернет, меѓутоа е толку популарна што многу Интернет корисници веруваат дека светски распространетата мрежа е, всушност, Интернет. Таа е всушност најголема база на податоци или колекција од документи. Документите кои може да се користат на WWW се нарекуваат Web документи. Тие се сместени на моќни компјутери, наречени Web сервери. Постојат разлики меѓу обичните документи и Web документите. Web документите обично се нарекуваат Web страници и содржат текст, говор, слика, графика, анимација, па дури и филмови, како и линкови кон други Web страници. Web прелистувач или browser Кон страниците кои се сместени на Web серверите може да се пристапи само со специјална програма Web прелистувач или browser. Страниците се поставени на сервери, а се читаат со програми наречени клиенти, при што се воспоставува врска клиент-сервер. Значи страниците се документи, кои се сместени на сервери(компјутери) и кон нив може да се пристапи со прелистувач (специјална програма). Web сајт е колекција на една или повеќе Web страници кои се однесуваат на една личност, компанија или организација на Web. Web сајт е поточно логичка организација на повеќе Web страници со цел да се формира целосна слика за одреден поим, производ или услуга, слично како што книгата содржи страници со текст поставен како логичка целина. Поголемиот дел од сајтовите имаат свое сопствено мени, сместено најчесто на страна или на горниот дел од екранот, независно од менито на прелистувачот. Повеќето сајтови содржат линкови кон други страници во рамките на сајтот, или кон други страници или сајтови независни од него. Линковите се означени делови од текст или сликички, кои кога со глувчето ќе се помине над нив, покажувачот се претвара во рака со прст што покажува. Повеќе сликички, кои се всушност линкови и се организирани на едно место, се нарекуваат мапи со линкови. Најпознати прелистувачи се Internet Explorer, Mozila Firefox, Netscape Communicator и Opera. Кратенките кои се користат кај Веб адресите се следниве:
  • com- комерцијална компанија
  • edu-образовна институција
  • org-непрофитабилна организација
  • net-мрежа
  • mil-воена институција
  • gov-владина институција
Кратенките за држави се најчесто со две букви, на пример mk, hr, rs, bg, uk, fr, it и други.

Услужни сервиси на Интернет

Да се потсетиме!
  • Што е компјутерска мрежа?
  • Какви видови мрежи има според хардверот кој се користи за поврзување на компјутерите?
  • Какви видови мрежи има според оддалеченоста на компјутерите?
  • Какви видови мрежи има според начинот на поврзување?
Што е Интернет?
Интернет претставува најголемата светски распостранета компјутерска мрежа на која се поврзани огромен број на персонални компјутери и компјутерски мрежи. Можностите што денес ги нуди Интернет се многу големи. Интернет содржи огромна база на податоци и овозможува комуницирање на сосема нов начин. Интернет е многу атрактивен, затоа што сите можни информации преку Интернет се достапни во секој момент, на секоја личност во кој било дел од светот.
Сервиси на Интернет
  1. WWW(World Wide Web)
  2. Прелистување(browse)
  3. Пребарување(search)
  4. Информирање
  5. Комуницирање
  6. Играње
  7. Бази на податоци
  8. Мултимедија
  9. Линкови
  10. Пренесување на документи(FTP)
  11. Електронска трговија
WWW(World Wide Web) Една од најголемите технологии за Интернет е прелистувањето на Web документи. Web сајтовите се множества на Web документи. Тие можат да бидат приватни страници за поединци, страници за компании, производи, услуги, новости и слично. Прелистување(browse) Интернет содржи шарени страници исполнети со текст, слики, видео инсерти и звук. Можно е да се прочитаат многу податоци и да се пренесат на компјутерот, како што се софтвер, фотографии на познати личности, текстови, видео игри, цртежи и сл. Линкови Кај документите на Интернет нема редослед на страници, туку се скока од еден дел на друг. Линкови се подвлечени зборови или сликички што водат на друго место или од една кон друга страница на Интернет. Пребарување(search) Интернет овозможува пребарување на страници од весници, приватни компании, книжарници, славни личности, здруженија, училишта, занимливости и друго. Информирање Интернет овозможува пристап кон документи и лично информирање во врска со теми за академски, научни и стручни истражувања, организации и резервации на патувања, информации за временски прилики и прогнози во било кое место на светот, најнови настани од различни области и сл. Комуницирање Како алатка за комуницирање, Интернет се користи како телефон за звучно разговарање, за видео комуникација, интерактивно разменување на информации, допишување, дискусија на одредени теми, размена на мислења, дебати и сл. Сервиси за комуницирање се e-mail, messenger, mIRC, Skype, форуми и дискусиони групи и сл. Играње Преку играње можат да се играат логички игри, како карти, шах, табла и друго, пото аркадни игри како тркање со автомобили и сл. Можно е играње симулации или стратешки игри како што се градење светови, војни, живеење во различни времиња и сл. Бази на податоци Интернет нуди голем број виртуелни и постојано вклучени(On-line книжарници) архиви на информации, енциклопедии, речници, дискусиони групи. Од овие места можат да се црпат многу ионформации и податоци. Мултимедија На страниците на Интернет можат да се најдат многу стрипови, игри, анимирани филмови, звуци и многу други занимливости. Пренесување на документи(FTP) FTP- File Transfer Protocol овозможува пренесување на документи, програми и податоци преку Интернет. Многу од овие објекти се достапни благодарение на несебичните автори, а некогаш можат да се користат и бесплатно со специфична дозвола на авторот. Електронска трговија Интернет претставува одлично место за остварување на електронска трговија. Поставените мултимедијални документи се наменети за презентација на производите и наоѓање купувачи. За изведување на нарачка се користат формулари, а за плаќање се користат платежни картички. Ако продуктот е во дигитална форма, тогаш тој се испорачува преку Интернет.

недела, февруари 08, 2009

Компјутерски мрежи

  • Што е компјутерска мрежа?
Компјутерска мрежа се два или повеќе компјутери поврзани помеѓу себе со цел да разменуваат податоци и да споделуваат хардверски уреди.
  • Како се поврзуваат компјутерите во мрежа?
За поврзување на компјутерите во мрежа се користат специјални кабли, телефонски врски или сателитски врски.
Видови мрежи
  • Slide 6
    Според соодветниот хардвер кој го користат компјутерските мрежи тие се делат на:
- Кабелски мрежи
- Безжични(wierless) мрежи
  • Според оддалеченоста на компјутерите компјутерските мрежи се делат на:
- Локални или LAN(Local Area Network) - Регионална мрежа или MAN(Metropolitan Area Network) - Глобални или WAN(Wide Area Network)
  • Според начинот на поврзување на компјутерите, мрежата може да биде:
- прстенеста - ѕвездеста - дрвенеста
LAN, MAN, WAN
Кога компјутерите се поставени во една просторија, зграда и слично, станува збор за локална мрежа. Кога компјутерите се наоѓаат во иста географска област, како една населба, општина или град, станува збор за регионална мрежа. Кога компјутерите се наоѓаат на огромни географски растојанија, на пр. мрежи кои поврзуваат два континента, мрежа на ниво на одредена држава, мрежа на ниво на еден континент , станува збор за глобална или голема мрежа. Ѕвездеста архитектура е позната како барател- опслужувач. Во неа сите корисници се поврзани на еден опслужувач и ги користат неговите ресурси: дискови, печатачи, модеми, програмски пакети и сл. Притоа, секој клиент ги користи и своите ресурси, но може да ги користи ресурсите од другите клиенти. Предност на оваа мрежа е што паѓањето на еден клиент не пречи на работата на останатите. Во мрежите со прстенеста архитектура, секој компјутер може да комуницира со секој и притоа да ги користи ресурсите на кој било компјутер. Секој компјутер може да биде и сревер и клиент. Недостаток е тоа што со паѓањето на еден корисник, паѓаат и сите што се поврзани на него. Затоа овој начин се користи за помал број компјутери и за краткотрајно користење на другите компјутери во мрежата. Дрвенестата архитектура се состои од повеќе магистрали поврзани една со друга, а на нив се приклучени разни типови компјутери: опслужувачи и клиенти. Компјутерите- опслужувачи ги опслужуваат барањата од други компјутери- опслужувачи или од крајните компјутери- клиенти. Како може да споделуваме датотеки преку компјутерска мрежа?
  • Ја активираме иконата My Network Places
  • Таму ги наоѓаме сите компјутери во мрежата и со отварање на иконата за соодветниот компјутер може да пристапиме кон датотеките меморирани на тој компјутер
  • Со помош на наредбата Copy или комбинација на копчињата Ctrl+C може да ископираме некоја датотека
  • Потоа со наредбата Paste или комбинација на копчињата Ctrl+V ја пуштаме ископираната датотека на нашиот компјутер
Како може да споделите датотека од вашиот компјутер?
  • Датотеката може да ја ископирате со помош на наредбата Copy и да ја пуштите во иконата Shared Documents
  • Потоа како што е објаснето во претходниот слајд може да се пристапи до таа датотека од било кој друг компјутер.