


Вируси, тројанци, црви
Хакирања (hacking)
- Вируси, тројани, worm-ови, adware и spyware програми можат многу лесно да ја загрозат стабилноста на вашиот компјутер, како и податоците кои таму ги чувате.
- Основни обележја на т.н. хакирања (hacking), односно злонамерните мешања, се нарушување на системот на заштита и неовластен упад во туѓ систем.
- Хакерите можат неовластеното пристапување во мрежата да го искористат за: да заработат, да украдат, да избришат податоци и информации од корисничките сметки, да располагаат со доверливи податоци.

- Вирусот е програма која бара компјутер -домаќин за да може да направи сопствени копии и на тој начин да се распространи. Тоа се остварува така што вирусот се прикачува за некоја датотека (на пр. од типовите: .exe, .dll, или .com) и се извршува секојпат кога се извршува и програмата - домаќин. Основна функција на вирусот е да направи штета. Ако компјутерот е приклучен во мрежа, тогаш може да ги зарази сите компјутери што се во мрежата. Некои вируси се способни да ги избришат сите датотеки во мрежата.
- Сите компјутерски вируси се создадени од човечка страна.

- Компјутерскиот црв (worm) е програма или серија од програми кои многу побрзо се размножуваат од класичниот вирус. За да се придвижи црвот, не е потребен човечки фактор. Така, за разлика од вирусот, не е потребна програма – домаќин. Кога ба било кој начин ќе се најдат на некој кориснички компјутер, црвите независно (сами) се активираат и не ги напаѓаат другите програми, туку директно го напаѓаат компјутерскиот систем. Затоа се и побрзи од вирусите. На пример,
на 19.07.2001 година, црвот Code Red за само 9 часа се размножил 250 000 пати.

- Овие програми се именувани според легендата за големиот дрвен коњ во кого биле скриени грчките војници кои го употребиле за да ја нападнат Троја. Исто како познатиот трик што е употребен во легендата така и оваа програма делува како корисен софтвер, но всушност ја загрозува безбедноста и предизвикува штета.
- Тројанците ретко се размножуваат, односно ретко преминуваат од компјутер на компјутер. Тоа се релативно мали програми кои луѓето ги преземаат на сопствените компјутери мислејќи дека станува збор за корисни датотеки, не знаејќи дека на тој начин хакерите влегуваат во нивните компјутери со цел да уништат или украдат податоци или пак да активираат некои други програми. Најчесто се добиваат преку електронска пошта.
E-mail Spam
- Спам пораките се непосакувани, комерцијални електронски поштенски пратки, кои се сместуваат во поштенските сандачиња на корисниците и ги принудуваат корисниците непотребно да губат време, за нивно ана
лизирање, односно бришење.
- Покрај психолошкиот негативен ефект, овие пораки често се придружени со прикачени документи, кои доколку бидат отворени, можат да го заразат компјутерот со вирус. Спам пораките од категоријата "phishing," ги мамат примачите да ги откријат своите лозинки и други вредни информации што би можеле да ја нарушат безбедноста на податоците и на работата.
Adware е софтвер кој се појавува на Вашиот екран во вид на светлечка рекламна порака, во текот на извршувањето на друга програма. Овој софтв
ер редовно го забавува работењето на системот.
- Најчесто многу тешко се отстрануваат, и по отстранувањето оставаат многу ѓубре низ вашиот компјутер, а во најлош случај го оставаат комплетно нефункционален
- Spyware е софтвер кој без дозвола на корисникот испраќа информации за неговите online активности. Самото име укажува на фактот дека тоа е програма која ја надгледува работата на корисникот, но овој термин опфаќа широка палета на програми кои искористуваат (злоупотребуваат) туѓ компјутер за стекнување на корист на трето лице. Овој софтвер, за разлика од вирусите и црвите, обично не се размножува, туку е дизајниран да ги искористува заразените компјутери за комерцијална добивка. Типичните применувани тактики се: активирање на небарани pop-up реклами; крадење на лични информации (на пр., броеви на кредитни картички и лозинки); следење на активностите на Интернет во рекламни цели
- Ситуацијата со нивното отстранување е иста како и со Adware програмите.
Cookies
- Колачињата (cookies), се мали текстуални датотеки со одредени податоци, кои серверот ги снима на вашиот диск (некои веб-страници ги имаат, некои ги немаат, а на некои се задолжителни). Тие не се програми, односно вируси и не можат да се користат за ширење на вируси.
Како да се заштитиме
- Инсталирајте антивирусни програми.
- Користете алатки за ажурирање на софтвер(Update).
- Инсталирајте anti-spyware програми.
- Инсталирајте софтверски огнен ѕид.
- Инсталирајте софтвер за филтрирање на спам пораки.
- Една од најважните превентивни безбедносни мерки, која треба да се примени на секоја мрежа, е откривањето и елиминацијата на вирусите.
- Огнениот ѕид (firewall) претставува заштита на компјутерот преку филтрирање, анализа и проверка на пакетите податоци кои внесуваат или изнесуваат информации од компјутерот преку Интернет. Направен е за да ги заштити доверливите кориснички податоци од неавторизирани корисници по пат на блокирање и забрана на сообраќајот според правилата кои ги одредува самиот корисник.
- Постојат софтверски и хардверски огнени ѕидови. Софтверскиот firewall штити еден компјутер, освен во случај кога компјутерот не е предвиден за заштита на целата мрежа. Хардверскиот firewall овозможува заштита на целата мрежа или на одреден број на компјутери. За исправно работење на firewall-от, потребно е прецизно да се одреди низата правила кои одредуваат што претставува дозволен сообраќај, а што забранет сообраќај. Истотака, firewall-от ја крие компјутерската мрежа од Интернет, со што ги намалува опасностите од напади.
Антивирусни програми
- Освен инсталирањето антивирусна програма, друга, подеднакво важна задача, е нејзино редовно ажурирање. Многу е битно да знаете како антивирусната програма ги препознава и уништува вирусите. Таа во својата база на податоци ги има запишано дефинициите на вирусите. Секоја програма, односно датотека која влегува во компјутерот мора прво да биде проверена од антивирусната програма и тоа врз основа на дефиницијата која се наоѓа во базата податоци. Вирус дефиницијата овозможува антивирусната програма да го најде специфичниот вирус, и да се погрижи за него, или да алармира за неговото постоење.
- Слободните антивирусни програми кои ги препорачуваме: Avast (avast!Virus Cleaner, avast! 4 Home Edition) произведени од компанијата Alwil Software и антивирусната програма, AVG, која е производ на компанијата GriSoft.