понеделник, февруари 09, 2009

Прелистување на Интернет

Прелистување или Навигација по Интернет
*WWW* *World Wide Web* WWW е најголемата светски распространета мрежа на која се сместени најголемиот дел од документите достапни на Интернет. Таа претставува само еден дел од Интернет, меѓутоа е толку популарна што многу Интернет корисници веруваат дека светски распространетата мрежа е, всушност, Интернет. Таа е всушност најголема база на податоци или колекција од документи. Документите кои може да се користат на WWW се нарекуваат Web документи. Тие се сместени на моќни компјутери, наречени Web сервери. Постојат разлики меѓу обичните документи и Web документите. Web документите обично се нарекуваат Web страници и содржат текст, говор, слика, графика, анимација, па дури и филмови, како и линкови кон други Web страници. Web прелистувач или browser Кон страниците кои се сместени на Web серверите може да се пристапи само со специјална програма Web прелистувач или browser. Страниците се поставени на сервери, а се читаат со програми наречени клиенти, при што се воспоставува врска клиент-сервер. Значи страниците се документи, кои се сместени на сервери(компјутери) и кон нив може да се пристапи со прелистувач (специјална програма). Web сајт е колекција на една или повеќе Web страници кои се однесуваат на една личност, компанија или организација на Web. Web сајт е поточно логичка организација на повеќе Web страници со цел да се формира целосна слика за одреден поим, производ или услуга, слично како што книгата содржи страници со текст поставен како логичка целина. Поголемиот дел од сајтовите имаат свое сопствено мени, сместено најчесто на страна или на горниот дел од екранот, независно од менито на прелистувачот. Повеќето сајтови содржат линкови кон други страници во рамките на сајтот, или кон други страници или сајтови независни од него. Линковите се означени делови од текст или сликички, кои кога со глувчето ќе се помине над нив, покажувачот се претвара во рака со прст што покажува. Повеќе сликички, кои се всушност линкови и се организирани на едно место, се нарекуваат мапи со линкови. Најпознати прелистувачи се Internet Explorer, Mozila Firefox, Netscape Communicator и Opera. Кратенките кои се користат кај Веб адресите се следниве:
  • com- комерцијална компанија
  • edu-образовна институција
  • org-непрофитабилна организација
  • net-мрежа
  • mil-воена институција
  • gov-владина институција
Кратенките за држави се најчесто со две букви, на пример mk, hr, rs, bg, uk, fr, it и други.

Нема коментари: