Да се потсетиме!
- Што е компјутерска мрежа?
- Какви видови мрежи има според хардверот кој се користи за поврзување на компјутерите?
- Какви видови мрежи има според оддалеченоста на компјутерите?
- Какви видови мрежи има според начинот на поврзување?
Што е Интернет?
Интернет претставува најголемата светски распостранета компјутерска мрежа на која се поврзани огромен број на персонални компјутери и компјутерски мрежи. Можностите што денес ги нуди Интернет се многу големи. Интернет содржи огромна база на податоци и овозможува комуницирање на сосема нов начин. Интернет е многу атрактивен, затоа што сите можни информации преку Интернет се достапни во секој момент, на секоја личност во кој било дел од светот.
Сервиси на Интернет
- WWW(World Wide Web)
- Прелистување(browse)
- Пребарување(search)
- Информирање
- Комуницирање
- Играње
- Бази на податоци
- Мултимедија
- Линкови
- Пренесување на документи(FTP)
- Електронска трговија
WWW(World Wide Web)
Една од најголемите технологии за Интернет е прелистувањето на Web документи. Web сајтовите се множества на Web документи. Тие можат да бидат приватни страници за поединци, страници за компании, производи, услуги, новости и слично.
Прелистување(browse)
Интернет содржи шарени страници исполнети со текст, слики, видео инсерти и звук. Можно е да се прочитаат многу податоци и да се пренесат на компјутерот, како што се софтвер, фотографии на познати личности, текстови, видео игри, цртежи и сл.
Линкови Кај документите на Интернет нема редослед на страници, туку се скока од еден дел на друг. Линкови се подвлечени зборови или сликички што водат на друго место или од една кон друга страница на Интернет.
Пребарување(search) Интернет овозможува пребарување на страници од весници, приватни компании, книжарници, славни личности, здруженија, училишта, занимливости и друго.
Информирање Интернет овозможува пристап кон документи и лично информирање во врска со теми за академски, научни и стручни истражувања, организации и резервации на патувања, информации за временски прилики и прогнози во било кое место на светот, најнови настани од различни области и сл.
Комуницирање Како алатка за комуницирање, Интернет се користи како телефон за звучно разговарање, за видео комуникација, интерактивно разменување на информации, допишување, дискусија на одредени теми, размена на мислења, дебати и сл. Сервиси за комуницирање се e-mail, messenger, mIRC, Skype, форуми и дискусиони групи и сл.
Играње Преку играње можат да се играат логички игри, како карти, шах, табла и друго, пото аркадни игри како тркање со автомобили и сл. Можно е играње симулации или стратешки игри како што се градење светови, војни, живеење во различни времиња и сл.
Бази на податоци Интернет нуди голем број виртуелни и постојано вклучени(On-line книжарници) архиви на информации, енциклопедии, речници, дискусиони групи. Од овие места можат да се црпат многу ионформации и податоци.
Мултимедија На страниците на Интернет можат да се најдат многу стрипови, игри, анимирани филмови, звуци и многу други занимливости.
Пренесување на документи(FTP) FTP- File Transfer Protocol овозможува пренесување на документи, програми и податоци преку Интернет. Многу од овие објекти се достапни благодарение на несебичните автори, а некогаш можат да се користат и бесплатно со специфична дозвола на авторот.
Електронска трговија Интернет претставува одлично место за остварување на електронска трговија. Поставените мултимедијални документи се наменети за презентација на производите и наоѓање купувачи. За изведување на нарачка се користат формулари, а за плаќање се користат платежни картички. Ако продуктот е во дигитална форма, тогаш тој се испорачува преку Интернет.
Нема коментари:
Објави коментар